Skip to main content

Вардар рутински во осминафиналето na Купот на Македонија

Фудбалерите на Вардар го совладаа Овче Поле со 5:0 и рутински обезбедија пласман во осминафиналето во Купот на Македонија.

Актуелниот шампион поведе во 38. минута со погодокот на Сирики Дијабате. По десет минути игра во второто полувреме, капитенот Азер Омерагиќ зголеми на 2:0, а во 58. Едиз Спахиу беше стрелец на третиот погодок за Вардар. Во 67. минута Омерагиќ по втор пат се запиша меѓу стрелците за предност од 4:0, а конечните 5:0 ги постави Бобан Николов со погодокот постигнат во 86. минута.

Вардар по денешниот триумф им се приклучи на Струга Трим Лум, Пелистер, Македонија ЃП и АП Брера кои место во осминафиналето обезбедија по вчерашните настапи во Купот.

Останатите учесници во втората рунда ќе бидат познати по одигрувањето на дуелите кои се на програмата на 9 септември.

Поврзани вести