
Центарот за управување со кризи информира дека до 14:00 часот се евидентирани вкупно 9 пожари на отворен простор, од кои:
Активни пожари:
1. Општина Василево – с. Нивичино (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација)
2. Општина Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и сува трева)
3. Општина Македонски Брод – помеѓу с. Црешнево, с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)
4. Општина Прилеп – помеѓу с. Царевиќ, с. Смолани и с. Радобил, место викано Радобилски Рид (мешана шума и нискостеблеста вегетација)
5. Општина Ресен – с. Волкодери кон место викано Сирхан (трски и сува трева)
6. Општина Желино – с. Церово (нискостеблеста деградирана шума)
Под контрола:
1. Општина Дојран – с. Николиќ (мешана шума)
2. Општина Велес – кај с. Џидимирци, Крушје и Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума)
Изгаснати:
1. Општина Желино – с. Групчин (мешана шума)