Skip to main content
Предвидувања од ВМРО-ДПМНЕ

Каја Шукова губи во прв круг во Скопје!

СДСM И Каја Шукова губат прв круг, во мандатот на Шукова во МЖСПП бевме труени со отровен мазут.Кој може да очекува од жената која дозволи систематско труење во Скопје и Македонија, и не кажа ниту збор, дека баш сега би направила нешто за подобар воздух?, предвидува ВМРО-ДПММЕ.

Многу е јасно, Шукова имаше време да направи нешто, да се издвои, но таа својот мандат како министер го преспа во шинелот на Заев, аминувајќи го загадувањето, за бизнис интереси.

foto collage

Шукова е лице на трулата политика на СДС изминатите 7 години додека беа на власт.

Секој скопјанец кога ќе ја види Каја Шукова му текнува на Заев, провизиите за јаглен и набавката на отровен мазут.

Каја Шукова беше министер кој можеше да крене глас, но таа избра да молчи и дозволи и Скопје и Македонија систематски да бидат труени.

Во октомври, Каја Шукова ќе биде испратена во трајна политичка пензија.

Скопје го очекува многу труд и многу работа со Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести