Skip to main content

Сопругата на Вучиќ ги запозна членовите на „Ганс енд роузис“

Првата дама на Србија, сопругата на претседателот Александар Вучиќ, Тамара, објави фотографии со членовите на популарниот американски бенд „Ганс ен роузис“, кој синоќа одржа концерт во Белград. Таа се фотографираше со пејачот Аксел Роуз и гитаристот на бендот „Слеш“ и покажа како се забавувала.

За мене беше огромно задоволство да ги поздравам легендарните членови на познатиот бенд „Ганс ен роузис“ и да им посакам добредојде во Србија.Како тинејџерка, го слушав „Ганс“ на касети, носачите на звук од тоа време, ги гледав постерите во мојата соба, а вчера имав можност да разговарам со нив во живо! Соништата се остваруваат“, напиша првата дама на Србија.

Поврзани вести