
Вчера во 13.15 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на влез во село Негорци, гевгелиско, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале мотоцикал „Хамачи“ со валандовски регистарски ознаки, управуван од Е.С.(35) од село Дорломбос, струмичко, товарно возило „Ман“ со струмички регистарски ознаки, управувано од З.С.(60) од село Василево струмичко, и патничко возило „Туран“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(46) од Гевгелија.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот Е.С., кој управувал под дејство на алкохол, односно со 1.81 промили алкохол во крвта, а повредите му биле констатирани во Медицински центар Гевгелија. Запознаен е Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.