Skip to main content

Горан Минчев избран за шеф на Централниот изборен штаб на ЗНАМ

На седница на Централниот одбор на Движењето ЗНАМ за наша Македонија за шеф на Централниот изборен штаб за локалните избори е избран генералниот секретар на партијата и министер за јавна администрација, Горан Минчев.

Како што информираат од Центарот за комуникации и аналитика на ЗНАМ, партијата вчера го формирала Централниот изборен штаб за спроведување на кампањата за следните локални избори и шефовите на регионалните штабови во сите шест изборни единици.

До крајот на јули ќе бидат именувани сите шефови на општинските штабови и партијата практично од август ќе се трансформира кон штабски начин на работа. На седницата на ЦО беа дискутирани активностите како увертира на подготовките за почетокот на изборната кампања, но и комплетирањето на кандидатските листи за советници во сите општини каде што Движењето ЗНАМ за наша Македонија има свои општински организации, се наведува во партиското соопштение.

Од партијата посочуваат дека договориле дека Движењето ЗНАМ за наша Македонија ќе продолжи со теренски активности како трета фаза средби со членовите и симпатизерите во сите градови и села низ Македонија.

Поврзани вести