Skip to main content

Не одете кон тој правец: Сообраќајна несреќа кај „Белви“, возилата се пренасочуваат

Денеска (18.07.2025) во 10.35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје, во близина на х.Белви, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно моторно возило „ивеко“ со скопски регистарски таблички, управувано од С.Д. (54), патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски таблички, управувано од  Д.Р. (31) и патничко моторно возило „голф“ со кумановски регистарски таблички, управувано од С.А..

Со возило на Итна медицинска помош С.А. е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на помош. Увидот е во тек, а сообраќајот во тој дел кон Скопје се пренасочува зад бензиската пумпа.

Поврзани вести