
В петок, на 18 јули во 12 часот во Министерството за образование и наука, министерката за образование и наука Весна Јаневска, управителот на БРЕИНСТЕР ЦБЦ – друштво за интернет едукација, Петар Ниновски и генералниот менаџер на БРЕИНСТЕР НЕКСТ – приватна високообразовна установа самостојна висока стручна школа, Александар Клашниновски ќе потпишат меморандум за соработка со фокус на воведување на вештачката интелигенција во средното образование, соопштија од Министерството за образование и наука.