
Сотир Лукровски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Карпош, оствари средба со голем број на граѓани во општината.
3 локации, над 500 стиснати раце, над 500 разговори и над 500 различни визии за Карпош, а сепак, сите со иста цел: Карпош повторно, убав, хуман и зелен. Денес сретнав многу мои сограѓани, Карпошани, и кај секој од нив ја забележав љубовта за Карпош, за која вреди да се бори! Ден исполнет со енергија, искреност и надеж. Остваривме три прекрасни средби со граѓаните на Општина Карпош. Започнавме кај Платото кај Порта Влае, каде што разговаравме за визиите, потребите и предлозите за подобра иднина на населбата Влае. Потоа продолживме во Карпош 1, кај летниковецот спроти игралиштето „Сокол“, кадешто добивме срдечен пречек и огромна поддршка, истакна тој.
Тој беше придружуван од кандодатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Секој разговор, секоја идеја и секоја ракување ја потврдија мојата верба дека промената е можна и дека Карпош заслужува многу повеќе. Вечерта ја завршивме во Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Карпош, со над 100 координатори на КИМови, полни со елан и верба во нашата заедничка мисија. Ви благодарам од срце за срдечниот пречек. Се гледаме низ Карпош, посочи Лукаровски.