
Македонскиот тенисер Калин Ивановски на последната промена на АТП листата бележи скок од 43 места и сега се наоѓа на 853.то место со 24 поени. Скокот на листата се должи на освоените четири поени во полуфиналето на фјучрсот во Загреб. Ивановски оваа недела настапува на Челинџер 125 турнирот во Сан Марино.
Од другите македонски играчи Горазд Србљак е на 1346.то место со пад за три позиции, додека во конкуренција на двојки Обрад Марковски има скок за 75 места и се наоѓа на 1534.то место со 12 поени.
Кај жените Лина Ѓорческа која оваа недела настапува на ВТА Челинџер 125 турнир во Рим има пад за 30 места и се наоѓа на 315.то место со 209 поени, додека Магдалена Стоилковска се наоѓа на 1407.то место со 4 поени.