
Документарниот филм „Ветената земја“ во режија на Чендрим Ријани и во продукција на „Triple S“ освоил награда од публика на Филмскиот фестивал во Приштина (PriFest), што е и единствена награда за документарен филм која се доделува на фестивалот.
Филмот имал интернационална премиера на овој фестивал на 3 јули, во рамките на програмата PriDOX.
-Проекцијата се одржа на отворено, во прекрасниот простор на e.dh.e, каде што имаше одлични реакции од бројната публика, а коментарот за филмот беше дека се работи за „трогателен документарец што длабоко ја допре нашата публика, прикажувајќи еден помалку познат аспект на депортациите на Евреите од Скопско во 1943 година“, информира Владимир Стојчевски во име на екипата на „Ветената земја“. хс/са/
Фото: архива од Владимир Стојчевски