Skip to main content

Директорот на Форд: Технолошката супериорност на кинеските автомобили е воодушевувачка

freepik

Извршниот директор на Форд, Џим Фарли, е воодушевен од технолошката супериорност на Кина. Според него, воодушевувачки се и технологијата и цената и квалитетот.

Влегувате во автомобилот и не треба да го поврзувате телефонот. Целиот ваш дигитален живот автоматски се прикажува во автомобилот. Имате асистент базиран на вештачка интелигенција со кој можете да разговарате… Сите автоматски плаќања се веќе поставени. Можете да купите билети за кино. Системот за препознавање лица знае кој каде седи и какви медиумски датотеки ви се допаѓаат“, изјави Фарли

Тој додава дека дополнително, цената и квалитетот на кинеските автомобили далеку го надминуваат тоа што го гледа на Запад.

Ние сме во глобална конкуренција со Кина и не станува збор само за електрични возила. И ако ја изгубиме оваа битка, Форд нема иднина“, вели директорот на компанијата.

Поврзани вести