
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе присуствува на манифестацијата „Галичка свадба 2025“ која се одржува под нејзино покровителство, информираат од Кабинетот на претседателката.
Традиционалното одбележување на „Галичка свадба“ за првпат е одржано во 1963 година и со начинот на презентирање на својата богата културна традиција секоја година привлекува сè поголем број гости од дома и од странство.