
До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото Николич, каде што гори нискостеблеста шума, во општина Чашка под Солунска глава, каде има чад во карпест предел без видлив пламен, во Куманово на местото Преовце каде гори ниска вегетација, како и во Старо Нагоричане, во селото Ругинце.
Шест пожари се ставени под контрола. Два се локализирани – во општина Прилеп кај селото Бешиште и во општина Свети Николе кај селото Делисинце, каде беше зафатена ниска вегетација и една стара напуштена куќа. Во изминатите часови целосно се изгасени два пожари – во Чучер Сандево кај црквата Света Троица и во Македонски Брод кај селото Белица.“, велат од Дирекцијата за заштита и спасување.