Skip to main content

ОЈО за убиството во Батинци: Сторителот е идентификуван, но е во бегство

Вршителот на должноста јавен обвинител изврши увид на местото на настанот во Батинци каде што беше убиен припадник на АРМ.

Обвинителството објави дека се издадени наредби и упатства за собирање докази.

„Сторителот е идентификуван, но е во бегство и се бара“, нагласува Обвинителството.

Претходно денес беше објавено дека денес, околу 10:55 часот, 49-годишен маж бил донесен во Градската болница со две рани во градите, без знаци на живот, по размена на огнено оружје во Батинци, Скопје.

АРМ потврди дека лицето со иницијали А.М., кое беше убиено во Батинци, Скопје, било припадник на војската. 

Поврзани вести