Skip to main content

Химната на „ЕМОФ – Скопје 2025“ носи порака на пријателство, почит и европско единство

Европскиот младински олимписки фестивал – „ЕМОФ Скопје 2025“ ја претстави официјалната химна. Со композицијата насловена „Together We Shine“ (Заеgно, ние сјаеме), симболично почнува финалното одбројување до настанот што ќе ја испише новата страница на македонската спортска историја. Химната не е само песна – таа претставува енергија, визија и повик до цела Европа, велат организаторите.

„Спотот за химната е снимен на повеќе локации во Скопје и Куманово, градови-домаќини на фестивалот, во продукција што го слави единството и креативноста на македонската млада сцена. Во него се појавува и официјалната маскота „Шајни“ (’Shiny’), која ја симболизира младешката инспирација, ведрина и единство. Химната „Together We Shine“ е достапна на официјалниот YouTube канал на Македонскиот олимписки комитет. Со оваа песна почнува одбројувањето до спортскиот празник којшто ќе ја стави Македонија на мапата на најзначајните спортски настани за млади во Европа”, се нагласува во известувањето.

https://youtube.com/watch?v=vIGQRp0FAAw%3Flist%3DRDvIGQRp0FAAw

„ЕМОФ Скопје 2025“ ќе се одржи од 20 до 26 јули, во Скопје, Куманово и Осиек (Хрватска). Учество ќе земат над 4.000 млади спортисти од 49 европски делегации плус тимот на бегалците. Тие ќе се натпреваруваат во 15 спортски дисциплини, носејќи порака на пријателство, почит, извонредност и европско единство