Skip to main content

СДСМ: Новогодишната кошничка е манипулација, трговците веќе ги зголемија цените

OОд СДСМ велат дека новогодишната кошничка е класична манипулација на власта која ги потценува граѓаните и го прикрива вистинскиот проблем за кој нема решение а тоа е покачувањето на цените на производите.

Владата на Мицкоски намерно остави простор и време па трговците веќе ги зголемија цените пред примена на мерката. 

Сега нема вистински да се намалат цените туку трговците само ќе ги вратат на нивото на коешто беа и тоа реално не значи намалување и не носи никаков бенефит за граѓаните.

Станува збор за договорени цени за кои владата сама кажува дека нема да има казни доколку некој од трговците не ги почитува. Што значи оставен е простор тие сами да ги одредуваат цените врз грбот на народот.

Инфлацијата во месец ноември достигна 4,3%, а трошоците за живот според последните податоци на Државниот завод за статистика бележат раст од 3,5%. 

Сè потешко се живее, сè потешко се пазари а граѓаните се посиромашни. 

Додека цените растат, стандардот на граѓаните опаѓа, а Владата наместо да преземе одговорност и вистински да се справи со кризата, се занимава со манипулации и ги штити трговците наместо граѓаните.

СДСМ бара итни и системски мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните, меѓу кои и укинување на ДДВ на храна со што вистински ќе се намалат цените на долг рок и зголемување на минималната плата.

Преку намалување на ДДВ и ќе се олесни финансискиот товар на семејствата до 2.000 денари месечно или околу 24.000 денари годишно.

Владата мора да престане со манипулации и конечно да застане на страната на граѓаните! СДСМ ќе продолжи да се бори за заштита на стандардот на граѓаните, се вели во партиското соопштение на СДСМ.

Поврзани вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişcasibom girişcasibomcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibomistanbul escort