Skip to main content

„Панкот не е мртов“ денеска во Кинотека

10 ЈУЛИ (ЧЕТВРТОК) 20:00 ч.

Режија: Блажевски Владимир

Сценарио: Блажевски Владимир

Директор на фотографија: Попов Димо

Монтажа: Неделковски Благоја

„Панкот не е мртов“ e црна комедија/„патувачки (road movie) филм“ чие дејство се случува во почетокот на 21 век на повеќе локации. Низ реалистичен дискурс за подостарени панкери се отвораат повеќе актуелни теми во македонското општество: транзициската реалност, маргинализираноста на субкултурата, меѓуетничките односи меѓу Македонците и Албанците, но и однесувањето на претставниците на т.н. „меѓународна заедница“ во Македонија. Филмската приказна, преку зачестена оф-тон нарација на главниот лик Мирса во која преку солилоквиум се соопштуваат неговите размислувања за одредени теми, ликови и настани од минатото и сегашноста на филмската приказна, но и преку нарација во сегашното време на приказната, преку портретите на неколкуте главни и споредни ликови, ја раскажува приказната за повеќемина урбани мажи и жени од главниот град на Македонија – Скопје, панкери, бунтовни анархисти, членови на панк-групата „Работничка терапија“ и нивната конфронтација со околината, нивната борба за слобода на различност, која тие ја изразуваат преку размислите на главниот лик: „Ние сме најкомити од сите – слобода или смрт“.

Филмот ја раскажува приказната за патешествијата и повторното собирање на бендот по седумнаесет години неактивност, при што главниот лик, четириесетгодишниот панкер и ситен дилер на дрога Мирса и неговата девојка Нина, заедно со верниот другар од бендот Љак, патуваат во Србија и Босна за да ги соберат Жути, Мими и Паша кои таму живеат од поодамна, и да настапат во Дебар, пред публика несоодветна за панк концерт оранизиран од американска невладина организација задолжена за промоција на мултикулура, со посредство на пријателот на Мирса, дилерот Албанец Г’зим наречен Џеро. Филмот интертекстуално реферира на војните во поранешна Југославија, но и на краткотрајната војна од 2001 г. во Македонија меѓу Македонците и Албанците, а неговото дејство се случува во чувствителниот период непосредно по овој настан.

Поврзани вести