
Деветтото издание на фестивалот за краток филм „Drim Short 2025“, оваа година ќе се одржи од 7-ми до 10-ти август во Струга под мотото „Гледајте филмови, нема каде да се бега“.
Дали е варварски да се создава уметност во предвечерие на војната? Филозофите-оптимисти кои веруваат во надеж ќе кажат дека будалите кои на војната ѝ гледаат во очи, ќе го спасат светот. Не затоа што не се плашат, туку затоа што веруваат дека уметноста и убавото можат да спречат страшната ноќ по предвечерието никогаш да не дојде.
Ценејќи ги и славејќи ги оние кои создаваат филмови, ставајќи ги на сценскиот подиум пред сребрениот екран, на кој се проектираат отсечоци од минатото до иднината, веруваме дека вербата во убавото што го нуди уметноста, e борба против хаосот на светот. Кога во реалноста не постои утеха, филмот е портал кон срцето, каде сѐ уште владее силата на разумот. Во време на егзистенцијално неизвесни секојдневија, филмските уметници не престануваат да измислуваат есенцијално поубави светови. А бидејќи секој филм се создава да биде виден и да допре, тогаш улогата на публиката е да гледа филмови и да дозволи да биде допрена, или во контекст на денешниот поредок, да дозволи да биде спасена.
Фестивалската програма ќе биде распределена во четири фестивалски денови, со филмови во интернационална, регионална, национална, студентска и специјална програма „Соочување со минатото“ во соработка со Pro Peace Skopje, во селекција на нашиот драг соработник Иван Бакрач. Фестивалот продолжува со VR програмата каде ќе се прикажат кратки филмови во специфичен формат.
Целосната програма селдува наскоро!, велат организаторите во најавата за фестивалот.