
Mногу ладeн Атмосферски фронт од 8 јули (вторник) од северозапад ќе се спушти и ќе го зафати целиот Европски континент, влучувајќи го Балканот и Македонија. Тој ќе донесе температури пониски од сегашните дури и за повеќе од 15 степени, објави метеопрогнозерот Славчо Попоски.
Кај нас во Македонија во недела (6 јули) во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на краткотрајно невреме со град.
Значително освежување на времето и голем пад на температурите на воздухот, проследено со засилен ветер од северен правец од средината на следната седмица, како што погоре наведов ни следува и во нашата Република Македонија, пишува Попоски.