
На 27 јули на ракометното игралиште во Битола со почеток во 21 часот ќе настапи Бајага и инструктори.
Големо задоволство ни е да Ви најавиме дека сигурно еден од најголемите хитмејкери од екс – југословенските простори – Бајага, со своите Инструктори ова лето ќе одржи САМО ЕДЕН ексклузивен концерт во Македонија и тоа, како што кажува насловот, во Битола на Ракометното Игралиште, неколку дена пред Илинден, на 27 јули со почеток во 21 часот!
Концертите на Бајага и Инструктори се исполнети со повеќе од 2 ипол часа хитови и претставуваат врвна и квалитетна музичка забава за сите љубители на неговата музика, велат од Авалон.