Skip to main content

Бекер и на 60 години прави деца

Германската тениска легенда Борис Бекер ќе стане татко по петти пат, а веста ја објави самиот на социјалните мрежи преку видео со својата сопруга Лилијан де Карваљо Монтеиро.

„Најдоброто допрва доаѓа“, напиша Бекер во објавата илустрирана со видео од неговата 35-годишна сопруга како го покажува својот стомак.

Двајцата се запознаа во Лондон во 2022 година, во период во кој 57-годишниот Бекер имаше проблеми со правосудниот систем и беше осуден на две и пол години затвор за банкрот и даночно затајување.

Монтеиро, чие потекло е од Сао Томе и Принсипе, е родена во Рим во 1990 година и работи како аналитичар за политички ризици. Двојката живее заедно во Италија и се венчаа во 2024 година во Портофино, а во моментов го очекуваат своето прво дете