Skip to main content

Денеска сончево и ветровито

Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени.

Во Скопје, слично време со минимална температура која ќе достигне до 20-тиот степен и максимална температура до 37 степени.

Во текот на неделата се најавува сончево и топло време со мала до умерена облачност со постепен пораст на дневните температури.

Поврзани вести