Skip to main content

Вучиќ прогласи победа на „студентите кои сакаат да учат“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во објава на Инстаграм од шаторот во Пионирскиот парк во Белград, каде што седеше со групата „студенти кои сакаат да учат“ ја објави нивната победа.

Еве ме тука во Пионирски парк или како што сакаме да го наречеме, Ќациленд, со гордост, со овие прекрасни млади луѓе кои само сакаат да учат и кои сега сфаќаат дека конечно победиле“, рече Вучиќ.

Непосредно пред 22 часот во центарот на Белград, по завршувањето на студентскиот протест, група млади лица фрлаа факели и петарди кон припадници на жандармеријата, по што тие интервенираа. Српската полиција употреби солзавец во обид да ги растера демонстрантите во центарот на Белград кои кон нив фрлаа со шишиња и петарди.

Немирите почнаа неколку минути по завршувањето на собирот, а откако студентското обезбедување го напушти просторот што ги одвојуваше демонстрантите и приврзаниците на власта кои се пред српското Собрание.

Поврзани вести