Skip to main content

Бродови кои пловат низ Ормутскиот Теснец се маскираат во руски или кинески за да избегнат напад од Иран

Голем број бродови коишто пловат низ Ормутскиот теснец, што се наоѓа меѓу Иран и Арапскиот Полуостров, се преправаат дека се руски или кинески бродови поради недовербата во прекинот на огнот меѓу Иран и Израел, објави Ројтерс.

Околу 55 бродови испратиил лажни сигнали тврдејќи дека носат руска нафта или дека се во кинеска сопственост, надевајќи се дека на тој начин ќе избегнат ирански напад, претставувајќи се како помалку веројатна цел.

Некои екипажи дури и се вклучуваат на кинески радио емисии за да го одвлечат вниманието – како што направил еден контејнерски брод што пловел под панамско знаме, велат аналитичарите за агенцијата.

Поврзани вести