
Во Собранието се одобрени измени на Законот за инспекторатот, поточно Законот за државна администрација, со што се отвора патот за решавање на прашањето за финансиски надоместоци за вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците. Ова е прашање кое со години беше влечено и заборавено од претходните влади, додека сега, благодарение на посветеноста на ВЛЕН и политичката волја на парламентарното мнозинство, се води јасна насока и заслужено решение – велат од Влен.
Тие додаваат дека по стабилизирање на ова ситуациjа, веднаш ќе почне постапка за кревање на повисоко ниво на Агенцијата за примена на јазиците вo повисоко ниво, со цел последователно да се припои и Инспекторатот за употреба на јазиците кон оваа важна институција.
Одобрените измени, покрај овозможувањето на финансиската функционализација на Инспекторатот, вклучуваат и важен политички договор што му дава право на Инспекторатот за употреба на јазиците да изрекува казни, клучна надлежност за зголемување на ефикасноста и конкретната имплементација на Законот за употреба на јазиците.
ВЛЕН ќе продолжи да биде посветена на унапредување на положбата на албанскиот јазик и гарантирање на еднакви јазични права за сите граѓани. – додаваат од ВЛЕН.