
Вклучувањето на САД во војната меѓу Израел и Иран влијаеше и на цената на нафтата на светските берзи која е на најниско ниво веќе една недела. Тоа секако се одрази, или ќе се одрази и на цените кај нас. Деновиве имаше зголемување на цената, па реално е да се очекува дека во следните денови Регулаторната комисија да објави нови, намалени цени.

Од Регулаторна брифираат дека се очекува да продолжи трендот на стабилизација на цените на нафтените деривати со оглед дека пред неколку дена беше објавено примирје во конфликтот меѓу Израел и Иран.