Skip to main content

Американски новинар: Нападот на САД врз Иран извршен на 22 јуни беше порака до Русија

Американскиот новинар Џон Вароли, смета дека нападот на САД врз Иран на 22 јуни бил сигнал до Русија.

Вароли вели дека не е случајно што американските власти наредиле бомбардирање на иранските нуклеарни објекти на 22 јуни, токму на денот кога почна Големата патриотска војна, односно нацистичка Германија го нападна Советскиот Сојуз.

Според новинарот, на тој начин, администрацијата на Доналд Трамп испратила јасен сигнал до Москва, изјави американскиот новинар Џон Вароли за порталот Abzac.

Официјален Вашингтон сакаше да испрати порака до Москва: „Имаме моќни воздухопловни сили, можеме неказнето да го бомбардираме Иран и неговите нуклеарни објекти. Можеме да ви го сториме истото во Москва“, изјави Вароли за порталот „Абзак“.

Поврзани вести