
Македонија е домаќин на 29. Јуниорска балканска математичка олимпијада што од денес до 28 јуни се одржува во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, во организација на Сојузот на математичари. На отворањето на натпреварот, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на учесниците им посака пријатен престој, многу нои пријателства и успех во решавањето на задачите.
Вие сте богатството на земјите кои ги претставувате. На вас се потпира добрата иднина, а вашите семејства и професори, имаат огромна заслуга за тоа. Ние – институциите и креаторите на политики сме тука, за да ја обезбедиме сета поддршка која ќе овозможи реализација на вашиот полн потенцијал“, рече Јаевска.

На натпреварувањето учествуваат математички надарени ученици до 15,5 годишна возраст од земјите од Југоисточна Европа, а согласно правилата на Меѓународната математичка организација на Југоисточна Европа, дозволено е учество на гостински национални репрезентации и од други земји кои не членуваат во оваа организација.
Јуниорската балканска математичка олимпијада во Македонија се организира по трет пат, откако претходно се одржа во 2000 и 2014 година. Организаторот на натпреварувањето, Сојузот на математичари за прв пат годинава добива финансиска поддршка од Министерството за образование и наука.