Skip to main content

Таткото на Васил Јованов недостапен за судот, а ОЈО го награди со поблаго кривично дело

Таткото на Васил Јованов, кој во јануари годинава на пешачки премин ја прегази и усмрти Фросина Кулакова, денеска не се појави на закажаното рочиште во Кривичниот суд. Во судот не се појави ни Зоран Јованов, ни неговиот адвокат Сашко Дукоски. Според судијката Снежана Марковска, судот направил два обиди да му ја достави на обвинетиот поканата за рочиштето заедно со обвинителниот акт, но поканата се вратила како неуредна достава, односно не можеле да го најдат на адресата што ја имаат во судот. Судот не можел да го најде ни адцокатот.

Обвинителот од Основното јавно обвинителство Скопје, Александар Марковски, пак, пред судот наведе дека поради новите докази што ги прибрале во меѓувреме сменет е диспозитивот на обвинителниот акт со што Зоран Јованов наместо за предизвикување општа опасност сега се гони за поблаго дело загрозување на безбедноста во сообраќајот. објави дека го преквалификувал делото – од „предизвикување општа опасност“ во поблагото „загрозување на безбедноста во сообраќајот“, кое носи казна до една година затвор или парична казна. Претходното дело предвидуваше затвор до три години.

Се работи за техничка промена според начелото на специјалитет – новото дело ја опфаќа истата суштина, но е попрецизно формулирано, објасни Марковски.

Обвинението против Зоран Јованов се однесува на тоа дека во периодот од ноември 2022 до јануари 2025 година му дозволувал на својот син Васил, кој немал возачка дозвола и бил рецидивист во сообраќајни прекршоци, да управува со неговото возило. По несреќата на прес-конференција родителите на криминалецот се правдаа дека тој им го украл автомобилот.

Таткото на Фросина Кулакова, кој, исто така, беше присутен на денешното судење како јавност, по рочиштето изјави дека е невообичаено што истата судијка суди по овој предмет, исто како и за предметот против Васил Јованов и најави кривична пријава за тоа.

Следното рочиште е закажано дури за септември.

Поврзани вести