
Американското Министерство за одбрана потврди дека Иран истрелал повеќе балистички ракети со краток и среден дострел кон воздухопловната база Ал-Удеид во Катар, пренесе ДПА.
Во овој момент нема извештаи за жртви од страна на САД. Внимателно ја следиме оваа ситуација“, се наведува во соопштението на Пентагон.
ДПА потсетува дека Катар претходно соопшти дека неговата воздушна одбрана успешно ги пресретнала иранските ракети.