
Јавните обвинители Мустафа Хајрулахи и Јован Цветановски, кои одважно и со професионален јавнообвинителски дигнитет не ја прифатија срамната одлука на обвинителот Љупчо Коцевски да го затворат предметот за СЈО обвинителите и нивните незаконски исплати во висина од 4,6 милиони евра, дисциплински и кривично се гонети од Вјолца Елмази и Татјана Кацарева, обвинителки кои немаат морален кредибилитет и професионален јавнообвинителски дигнитет. И едната и другата се беспоговорни послушнички на Коцевски и срам за јавнообвинителската функција. Еве и зошто, пишува во анализата Сотир Костов.
Да, токму така, наместо Љупчо Коцевски, јавниот обвинител на Република Македонија, да се грижи за прогон на сторители на кривилни дела, наместо да гони криминалци од висок ранг и наместо да ги истражува и обвинува коруптивните обвинители, судии, политичари и бизнисмени, тој во јавнообвинителската организациија игра византиски игри. Преку притисоци, закани, интриги, манипулации и лаги си ги малтретира и прогонува своите обвинители, и тоа оние стручните, искусните обвинители со карактер и личност, обвинители кои, до крајот на минатата година чесно и принципиелно си ја извршуваа јавнообвинителската функција.
Погодувате, станува збор за обвинителите Мустафа Хајлурахи, кој до суспензијата беше раководител на Вишото јавно обвинителство во Скопје, и обвинителот Јово Цветановски, кој совесно и по сите принципи и норми на јавнообвинителската функција го водеше предметот за незаконските исплати на плати и додатоци на СЈО-овците. Да се потсетиме кој беа СЈО обвинителите: Тоа беа обвинители кои откако не си ја завршија основната работа за што и беа формирани, почнаа чудно да се однесуваат. Најпрвин се дружеа со шарлатанот од јавната сцена Боки Тредичи, потоа заглавија во коруптивен рекет, па си исплаќале незаконски парички во енормно големи износи. А од кога се напикаа по разните обвинителства покажаа голем сенс за пуштање од притвор, правење спогодби со високопрофилни криминалци, на штета на државниот буџет, ослободување од кривичен прогон носители на државни и јавни функции, ја загубија битката со корупцијата и што е најстрашно тие станаа коруптивни обвинители и алчни за пари.
Бонусите, т.е. дуплите плати и незаконски додатоци што “чарлиевите ангели“ сами си ги доделија, првин беа класифицирани информации, недостапни за јавноста, а потоа и јавни одкога Државниот завод за ревизија откри дека СЈО-овците си исплатиле(на себе и на сите други вработени) 4,6 милиони евра без законска основа – значи незаконски. За ист основ двапати си делеле плата и надоместоци. Кое лицемерие, каква алчност и ненаситност. Невидени среброљубци.
Имаше уште еден класифициран извештај кој се криеше во фиоките на Републичкото јавно обвинителство. Подоцна Обвинителот Јовевски јавно констатира дека исплатите во СЈО биле неосновани и незаконски, истакнувајќи незаконски небулози и апсурди. Ама тоа го порекна на последниот ден од неговиот мандат кога дал резолуција обвинителите да не се гонат. Нашиот народ за ова вели “излижа што претходно исплука“. Така, самиот се претвори во јавнообвинителска небулоза и апсурдна контрадикторна личност.
Првин истрагата ја водеше Вилма Русковска, шефицата на обвинителството за организиран криминал, за да потоа стигне во Вишото јавно обвинителство, каде обвинителот Јово Цветановски сериозно си ја сфатил работата, и со знаење на неговиот претпоставен Мустафа Хајлурахи сериозно се зафатил да го работи предметот. Ама така не мислел обвинителот Љупчо Коцевски, и се обидел на секој начин да го стопира тој предмет. Првин им пратил “димни сигнали“ на обвинителите Мустафа и Јован, па откога видел дека тоа нема ефект, го викнал “на пеење“ Мустафа, ама и тоа не вродило плод. Продолжил со директни притисоци и закани, усни и со ненајавени и непланирани однапред(годишно) контроли на работењето на најмизерен начин. Толку ги “измешал лончињата“ што во контрола пратил обвинители кои биле засегнати со предметниот кривичен предмет(судир на интереси), па фингирал еден извештај, кој не му го потпишале сите од обвинителската контрола. Така морал да ги менува членовите, да им ветува напредок во кариерата, само и само непрофесионално и неколегијално Јован и Мустафа да бидат “спакувани за отстрел“.
Тоа му било малку и несигурно, па почнал да измислува мобинг врз вработените во Вишото јавно обвинителство Скопје, од страна на обвинителот Мустафа. На крај двајцата обвинители се предадени на дисциплинска комисија, а Мустафа е пријавен и за кривичен прогон, за кривично дело Малтретирање во вршење на службата“, од чл. 143 од КЗ, а предметот е даден во јавното обвинителство Штип.
За тоа каков обвинител е Љупчо Коцевски ни сведочи и фактот што назначената замена за Мустафа од него и Советот на јавни обвинители, обвинителката, Наташа Цалева, не прифати со неа да се манипулира, и одби да ја извршува понудената функција, за што напиша и приговор, а Коцевски како вистински обвинител-професионалец, до ден денес се нема произнесено. Тоа ти е обвинител од афторитет, тоа ти е менаџер на обвинителството, кој дозволува важно обвинителство 7(седум) месеци да биде “обезглавено“.
И сега следува најинтересното: претседателка надисциплинската комисија која дисциплински ќе ги пресудува двајцата обвинители, ни-криви-ни должни, т.е. ниту виновни, ниту одговорни, верувале или не, е обвинителската Вјолца Елмази, од Вишо јавно обвинителство Гостивар.
Знаете ли која е таа обвинителка? Е, таа обвинителка е обвинителката која на јавна седница на записник издиктира измена на писмениот предлог и бараше делумно да се уважи жалбата на обвинетиот Менсур Пајазити, човекот кој на пешачки премин ја прегази и усмрти Теодора Ристевска од Тетово. Ете драги читатели тоа е дисциплинскиот кадар на обвинителот Коцевски. Обвинителка која треба дисциплински да биде гонета и на која треба да и се изрече мерка престанок на функцијата обвинител, е главен “дисциплински судија“ на обвинителите Мустафа и Јован. Господ да те чува и да те брани. Да не знаеш од каде да пукнеш од срам. Брука! И така поминаа 7(седум) месеци, а ни трага ни глас од дисциплинскиот кадар на Љупчо Коцевски. Вјолца и нејзината комисија дали нешто работи, дали сработила, до денес не знаеме. А и неа нешто ја снема во јавноста после бруката со јавнообвинителското “помилување“ на Менсур Пајазити. Ова мене малку ми мириса дека Коцевски “од свој терен“ од Гостивар си избрал обвинителка која на најсрамен начин ја посрамоти и понижи јавнообвинителската фумкција, и сега нема каде: Или ќе прави што ќе и каже шефот или отиде јабана функцијата, која веќе е осрамотена. Јас друга логика не гледам. Дојде лето, море ќе ја видиме и есента, а Вјолца се мисли и се мисли и уште се мисли. Ама нема бегање, мора да се одлучува. Ете така, на најмизерен начин и без и малку морал и етика јавни обвинители водат дисциплински постапки против свои колеги повеќе од 7(седум) месеци. Не видени срамои.
А сега, гледајте што се случува во Штип, т.е. во штипското јавно обвинителство. Кривичната пријава против Мустафа, експресно, федексофски беше испратена во Штип, и задолжениот обвинител преку ноќ одлучи да ја прифати и да го работи предметот против својот колега Мустафа. И толку. Седум месеци поминаа, а од одобвинителката Татјана Кацарова, ниту трага, ниту глас. И туку отеднаш од еден медиум дознавме дека таа за овие долги седум месеци успеала да направи “карма-каша“ во предметот, а има и индиции дека некои списи ги штимала, ама не ги наштимала, т.е дека се работи за фалсификат на службена исправа – записник за испитување на сведок, како оштетен. И како врв на се, има сомневање дека записниците не се уредно потпишани, што наведува дека можеби се фиктивни, т.е. испитувањата и не се случиле. Е тоа веќе е кривично дело, сторено од обвинителка. И тоа каков обвинителка.
Како прво обвинител кој не го почитува својот колега и кон него се однесува нечесно. Како второ, обвинителка која манипулира со сведоците-оштетени и го кривотвори кривичниот предмет. Како трето, обвинителка која по малку и се служи со лаги, т.е. три-четири пати ветува дека ќе се сретне со новинар, за да на крот ја откаже средбата и новинарот го упати на служба за комуникации при обвинителството. Како четврот, обвинителка за која руморењата(гласините) се се погласни дека е коруптивна и дека пред извесно време ослободила(за поприличен паричен недозволен надомест) обвинет за поседување и трговија на опијати(дроги), предмет во кој се инволвирани еден адвокат, синот на обвинителката и обвинетиот, кои наводно, така се зборува во кулоарите, сите биле поврзани од студентските денови. И како пето, се работи за обвинителка која(според она што се слуша по судските ходници и штипските кулоари) нема никаков морал, во приватниот живот и професионална етика во јавнообвинителската функција, за што во Штип се повеќе и повеќе се зборува.
Ама, се е џабе(барем за сега), бидејќи Советот на јавни обвинители и обвинителот Љупчо Коцевски, очигледно се при очи, ама не гледаат, при уши, не заушуваат, а при рацио, не расудуваат. Некако, кај Татјан Коцарева, се собрало три во едно, од противправните, недозволени, па ако сакате и срамни работи. Затоа и судството(судови, обвинителства, судии, обвинители) се закотвени на 2% доверба во јавноста и кај граѓаните. Почитувани, има уште, се слуша дека деновиве во штип ќе има судиско изземање, па да се стрпиме, до следното пишување, за небулозите и апсурдите на македонското судство.