
На 21 јуни од 18 часот, на Школка во Градски парк во Скопје ќе се одржи концерт посветен на Фредерик Шопен, што Амбасадата на Полска го организира во чест на свеченото завршување на полското претседателство со Европска Унија.
На настанот насловен „Концерт на Шопен“ ќе настапи македонскиот пијанист Иван Трајковски, со изведба на некои од најпознатите композиции на Шопен.
Срдечно Ве покануваме сите на концертот во изведба на пијанистот Иван Трајковски со композиции од Фредерик Шопен, кој ќе додаде раскош на крајот на полското претседателство со Советот на Европската Унија. Концертот е отворен и бесплатен за сите кои ќе најдат време да се запознаат со нас во градскиот парк во Скопје во сабота на 21 јуни во 18:00 часот.
Настанот се надоврзува на концертите на Шопен кои се одржуваат секоја година во паркот Лазиенки во Варшава и привлекуваат голем број на љубители на класичната музика.
Придружете ни се и ајде да ги слушаме делата на Шопен во македонска верзија заедно!, стои во најавата за настанот.