Skip to main content

Трамп го предупредува Иран да се согласи на нуклеарен договор пред „уште побрутални“ напади

Facebook/The White House

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го предупреди Иран да се согласи на нуклеарен договор „пред да не остане ништо“, сугерирајќи дека последователните израелски напади врз земјата ќе бидат „уште побрутални“.

Во објава на „Truth Social“ денеска, Трамп напиша дека иранските лидери „не знаеле што ќе се случи“. -„Сите се МРТВИ сега и само ќе се влоши!“, додаде тој.

-Веќе имаше смрт и уништување, но сè уште има време да се стави крај на овој колеж, со следните веќе планирани напади кои се уште побрутални, напиша Трамп. „Иран мора да склучи договор, пред да не остане ништо, и да го спаси она што некогаш беше познато како Иранска империја“.

Преговорите за нов нуклеарен договор со Иран се интензивираа во последните недели, но инсистирањето на Техеран на неговото право да збогатува ураниум се покажа како голема пречка.

Поврзани вести