Македонскиот културно-информативен центар во Загреб во соработка со македонската Национална галерија со делото Афиони на Лазар Личеноски, втемелувачот на ликовниот живот во Македонија и еден од најавтентичните сликари на македонскиот пејзаж, учествуваше на изложбата Уметност без граници: Дипломатија и креативност!
Во организација на дипломатскиот кор на Република Хрватска изложбата „Уметност без граници“ е уникатна уметничка манифестација која ги спојува креативноста и меѓународната соработка. На изложбата беа претставени уметнички дела од членови на дипломатскиот кор и нивните семејства, заедно со уметнички слики во дигитален формат на најпознатите уметници од различни земји.