Skip to main content
Македонски центар ИТИ извести за меѓународни соработки на кои претставуваат домашни театарски авторки, уметници од помладата генерација

Миа Ефремова се претставува во Хонг Конг, а Ана Батева и Марија Карилоска на меѓународна резиденција за театарски критичари Словачка

Македонскиот центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА извести за меѓународни соработки на кои соработуваат и се претставуваат домашни театарски авторки, уметници од помладата генерација.

Во периодот од 6 јуни до 11 јуни 2025 г. во рамките на Меѓународната Вишеград 4 резиденција за млади театарски критичари учество во програмата на резиденцијалниот престој ќе земат театарската режисерка Ана Батева (Студио Спам (Софија/ Скопје), и младата актерка и новинарка Марија Карилоска (Софија-НАТФИЗ/Скопје-УМНО.мк).    

Младите театарски уметници ќе ја следат програмата на Меѓународниот театарски фестивал НИТРА во Словачка, и ќе совладуваат креативни методи за изработка на современа театарска критика за фестивалската програма и претставените продукции. Досега резиденцијалните програми ги водеа светски реномирани театролози како Патрис Павис, Томас Ирмер, Дарко Лукич и други. Изработените театарски критики ќе бидат објавени во домашните е-портали/е-списанија  УМНО.мк и Елементи.мк.  Програмата и соработката се реализираат под покровителство на Вишеград Фондот и партнерите – Нитра Фест Словачка,   театарите и театарските организации  од Полска, Грузија, Чешка, Унгарија, Романија, Украина  – Трафо, Театарски Институт Прага, АТИП, Азарт, Театр Леси, Театарски Институт Братислава.

Партнери од Македонија се Македонскиот центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА

Продуцент/координатор: Вонреден професор д-р Иванка Апостолова Баскар     

Младата македонска драмска авторка, поет и сликарка Миа Ефремова, по успешното претставување на нејзината драма Big Deal  на Театарскиот шоукејс во Косово во 2023 г.  (драмско читање на извадоци од драмата пропратени со дискусија и пичинг сесија пред меѓународни театарски професионалци), со истата драма ќе се претстави во рамките на програмата Project Dramaturg Lab/ Exploring West Balkan Plays 2025  –  изрежирани драмски читања на драмата Big Deal на Миа Ефремова, пропратени со мастер класи и читања на драмите на косовскиот драматичар Јетон Незирај и босанскиот драматичар Алмир Имширевич) во Хонг Конг, НР Кина, на 13 јуни 2025 г.

Овој проект е  во режија на Tree Kwok од Хонг Конг. На кантонски јазик, драмата е преведена од страна на преведувачот Loui Yuen. Програмата ќе се изведе во Black Box Theatre, Tai Po Arts Centre, Хонг Конг, Кина. Партнери на проектот се: BLANK SPACE STUDIO LIMITED, Macedonian ITI Center/PRODUKCIJA, Qendra Multimedia.

Покровители на проектот се Hong Kong Arts Development Council.

Продуцент/координатор за Македонија е: Вонреден професор д-р Иванка Апостолова Баскар     

Миа Ефремова (Mia Volt) (родена 1994) е драмска авторка, поетеса, писателка, авторка и сликарка. Живее и работи во Штип, каде што е вработена во Одделението за издаваштво при Националната установа – Завод и музеј Штип.

Пишува на македонски, англиски, холандски и шведски јазик. Нејзините драми се поставени во соработка со алтернативната театарска трупа Театра – Скопје и со Националниот театар Штип / Дом на културата Штип, платформа за аудио драми Еvcol од  Лондон, Велика Британија 2022, Косово театарски шоукејс 2023.   

Во 2014 година учествува на Првата меѓународна драмска колонија, организирана од Македонскиот центар на Меѓународниот театарски институт (ITI), во соработка со Меѓународниот фестивал на монодрамата во Битола и ITI центрите од Хрватска, Србија, Косово и Словенија.

Во 2018 година дипломира на Филмската академија (FAMU) во Прага, отсек сценарио и продукција.

Во 2024 година дипломира на Академијата за ликовни уметности – отсек класично сликарство, при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Македонија.

Од 2010 до 2022 година ги има објавено сите свои драмски текстови.

Список на објавени драмски текстови / Издавач: Македонски центар ITI / ПРОДУКЦИЈА:

·         Big Deal (Миа Ефремова)

·         Demigods (Mia Volt)

·         Rosebud (Mia Volt)

·         Драмски бомби и тензии за сценски катаклизми и експлозии – Фрли го нагонот! (Mia Volt, 10 драми 2010–2014)

·         Отпад на светот / Waste of The World (Миа Ефремова)

·         Cool Story (Mia Volt)

·         Bringing Batman Home (Mia Volt)

·         Bekentenissen Van Robin (Mia Volt)

·         Robin’s Confessions (Mia Volt)

Поврзани вести