
Заев ја туркаше платформата, велеше дека каде и да е ќе имаат двотретинско мнозинство. Заев сакаше, Ахмети најавуваше, имаа желба да го променат уставот со овој катастрофален преговарачки процес кој нас нè стави во подредена улога. Тоа е првиот историски момент кој останува засекогаш врежан во CV-то на СДСМ, Заев, па и на Филипче како нивен експонент, анализира во „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа безбедносниот аналитичар Милан Стефаноски.
-Добро е што ЕУ конечно сака да посредува, значи дека го прифаќа проблемот, не е онаа ЕУ која еднострано гледаше на тоа, на некој начин со диктат дека „ова мора да помине за вие да одите понатаму со европскиот процес“. Но добро е што ВМРО-ДПМНЕ е со еден стратешки и уметнички пристап во надворешната политика, ако ние го немавме тоа во нашиот ракав немаше да излезе на површина ова со не ставањето на Бугарите во Уставот, значи фазно решавање на проблемот. На крајот не е проблем дали ќе влезат и Бугарите и Хрватите туку тоа е идејата односно стратегијата да излезе на површина и вистинското лице на бугарската надворешна политика и вистинската идеја на бугарската држава да го суспендира нашето право да се идентификуваме, истакна тој.
Стефаноски со позитивна оценка за тоа на кој начин владејачката партија пристапи кон проблемот.
-Ако овој проблем го решаваше Заев, тоа ќе поминеше. Ова што ВМРО-ДПМНЕ го прави пред сè во Вашингтон, па со стратешкиот договор со Британија, ја јакне геополитичката положба на државата, рече тој.