Skip to main content

Од 1. јануари 2026 година во Бугарија ќе се плаќа само со евра

martaposemuckel from Pixabay

Бугарија ги исполни условите за усвојување на единствената валута на Европската унија – еврото – од 1 јануари 2026 година, со што стана 21-ва членка на еврозоната, објави денес Европската комисија.

Официјалната одлука за влез на Бугарија во Еврозоната треба да ја донесат министрите за финансии на земјите-членки на ЕУ на 8 јули, но не се очекува противење, бидејќи Софија ги исполнува сите технички критериуми.

Европската централна банка, исто така, денес даде позитивно мислење за ова прашање.

Поврзани вести