Skip to main content

Урош Блажиќ прогласен за виновен за масакрите во Мало Орашје и Дубона, но може да добие најмногу 20 години

Урош Блажиќ, кој на 4 мај 2023 година уби девет и рани 12 лица во селата Мало Орашје и Дубона во Србија, е осуден пред Специјалниот суд во Белград, јавија српските медиуми.

Судењето заврши во експресниот рок за српското правосудство и по неполни четири месеци колку што траеше процесот.

Виновни се обвинетите Урош Блажиќ и (неговиот татко) Радиша Блажиќ, рече претседавачкиот судија Лидија Јовановски и посочи дека судскиот совет ја донел одлуката едногласно.

Со оглед на тоа дека во моментот на делото немал 21 година, законот го оквалификува како малолетник, па за убиството на деветмина може да добие најмногу 20 години затвор.

Дури во последните зборови Урош Блажиќ јавно го изрази своето каење за злосторството што го направил за првпат и дури изјави дека му е жал што „нема смртна казна затоа што ќе му одговара“, јавија белградските медиуми.

Обвинителот побара казна затвор од 20 години за Урош Блажиќ и неговиот татко Радиша.

Поврзани вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibom güncel girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişBeylikdüzü Escort