Skip to main content

Вознемирувачко: Камерите го снимиле убиството на убавата Теодора и тоа пред очите на деца

Facebook/Marcu Teodora Marina

Теодора Марчу (23), поранешна учесничка во реалното шоу „Остров на љубовта“, е убиена во саботата навечер од нејзиното поранешно момче на улицата во станбената зона Космополис во општината Стефанести де Хос, во округот Илфов во близина на Букурешт, Романија.

23-годишната девојка, инаку во 24. недела од бременоста, е убиена ладнокрвно, пред очите на децата што ги држела за рака.

Полицијата сега се обидува да го реконструира текот на нападот користејќи снимки од безбедносните камери во областа. Видеата прикажуваат маж како се прикрадува одзади кон Теодора, пишува Антена Обзерватор.

Главниот осомничен наводно е поранешното момче на Теодора. Жената била опкружена со неколку деца и пријателка. Само неколку секунди пред нападот, напаѓачот фрла предмет во грмушките – најверојатно користен за криење пиштол од 9 мм. Тој ѝ се приближува на Теодора и и пука во градите од многу блиску. Кога таа паднала на земја, тој испукал уште два куршума кон неа, од кои едниот ја погодил во стомакот.

Иако полицијата и брзата помош брзо пристигнале на местото на настанот, а Теодора веднаш била префрлена во болница, лекарите не можеле да ја спасат. Теодора Марчу била прогласена за мртва кратко по нападот.

Извори блиски до истрагата тврдат дека сè било однапред испланирано. Во неодамнешна објава на Фејсбук, напаѓачот напишал: „Само прашање на време е“. Тој објавил и други пораки на социјалните мрежи:

„Жените се од два вида – божји леб и ѓаволска жед“;

„Несреќата е неопходна во животот на една личност за да може да ја цени среќата“;

„Човекот се преправа дека е скромен, но неговите очи ловат богатство“, се само некои од неговите последни пораки.

Полицијата ја продолжува истрагата за да ги утврди сите околности на ова убиство.

Видеото е вознемирувачко и може да го погледнете овде

Поврзани вести