Шаторите на ДУИ кои во неделата беа поставени пред Уставниот суд во Скопје и во кои беше најавено дека ќе протестираат нивни членови под името „Стража на јазикот“, денеска веќе се демонтираат.
И претходно, наместо најавената масовност во оваа стража, во и околу шаторот обвиен со албански знамиња имаше повеќе полиција, отколку „стражари“.
Лидерот на партијата Али Ахмети утрово конечно се појави пред Уставен, каде на денешната седница беше одлучено да се одржи подготвителна седница за консултации со странски експерти околу Законот за употреба на јазиците.
Претходно шаторот го посетуваа потпретседателите на партијата Бујар Османи и Арбр Адеми, кои заминаа како попарени од местото кога беше објавено дека нивниот сопартиец Артан Груби е ставен на американската „црна листа“.
https://republika.mk/vesti/makedonija/momentot-koga-bujar-osmani-i-arber-ademi-sfakaat-deka-grubi-e-staven-na-amerikanskata-czrna-lista/