Skip to main content

Момче турнало пензионерка за да и ја украде чантата со 50 евра и „моторола“, тешко е повредена

Повозрасна кавадарчанка се здобила со тешки телесни повреди, откако младо момче ја турнало и насила ѝ ја одзело ташната, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Н 25.05. во 1:20 часот на улица „Мито Хаџи Василев“, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишија од слобода А.П., на возраст од 19 години, по претходна пријава за извршено кривично дело „разбојништво“. Според пријавеното, околу 21 часот во влез во зграда на улица „Благој Крстиќ“ во градот, тој ја турнал и насила ѝ ја одзел ташната на 75-годишната В.А., каде имала 3.000 денари и мобилен телефон „моторола“. В.А. при падот се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болница во Кавадарци, појаснуваат од СВР – Велес.

Оттаму додаваат дека во близина на местото на настанот била пронајдена ташната, а при прегледот кај А.П. биле пронајдени дел од парите и мобилниот телефон, како и бела грутчеста материја.

Тој бил задржан во полициска станица. Известен бил јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, како што посочија од СВР – Велес, против него ќе биле поднесени соодветни поднесоци.

Нешто подоцна, во 2:40 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци ги привеле Д.К. и С.Т., на возраст од 24 и 28 години, двајцата кавадарчани, затоа што на плоштадот во градот, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

По документирање на настанот од СВР – Велес, против нив ќе биле поднесени соодветни пријави.

Поврзани вести