Skip to main content

Нели дојде „демократијата“? Tри милиони бегалци од Сирија одбиваат да се вратат дома, ЕУ ќе им го укине азилот

Новиот привремен премиер на Сирија, Мохамед ал-Башир ги повикува сириските бегалци ширум светот да се вратат во својата татковина по соборувањето на режимот на Башар ал Асад.

Ги повикувам сите Сиријци во странство: Сирија сега е слободна земја која си ја врати гордоста и достоинството. Вратете се! Со крајот на повеќедецениското владеење на семејството Асад, сега мора да се обноват безбедноста и стабилноста во сите сириски градови за да можат луѓето да се вратат во нормалниот живо, рече Башир во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела сера“.

Според првичниот договор тој треба да остане на функцијата до март.

Ал-Башир рече дека тогаш една од неговите најважни цели ќе биде да и помогне на неговата земја, разорена од војна, да се санира, а сириските бегалци би можеле да играат важна улога по нивното враќање со нивното искуство стекнато во странство.

Мораме да ја обновиме нашата земја и да ја застанеме на нозе и ни треба помош од сите, рече тој.

Ал-Башир претходно беше премиер на Идлиб, едно од најголемите упоришта на бунтовниците. Оттаму, исламистичката група „Хајат Тахрир ал-Шам“ (ХТС) – чиј главен командант е Ахмед ал Шара, попознат како Абу Мохамед ал Голани, ја започна офанзивата со која беше соборен Асад на 8 декември.

Ал-Башир во интервјуто за „Кориере дел сера“ се обиде да ги ублажи стравувањата на критичарите дека ХТС може да изврши преголемо исламистичко влијание врз остатокот од Сирија.

Погрешното однесување на некои исламистички групи доведе многу луѓе, особено на Запад, да ги поврзуваат муслиманите со тероризмот, а исламот со екстремизмот, рече тој, додавајќи дека тоа лажна карактеризација и потврди дека сака да ги гарантира правата на сите луѓе во Сирија.

Но, земјите на ЕУ планираат да им го укинат азилот и сакаат бегалците од Сирија да се вратат дома.Ги има 3 милиони ширум ЕУ,