Skip to main content

Калас: Македонија прва потпиша партнерство за безбедност и одбрана со ЕУ и припаѓа во нашето европско семејство.

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас вчера беше во посета на Македонија. Таа оствари средба со премерот Христијан Мицкоски, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и останати членови на Владата.

По посетата на социјалните мрежи, Калас напиша дека е задоволство да се биде во Скопје, како и дека Македонија припаѓа на европското семејство.

Македонија беше првата во регионот што потпиша партнерство за безбедност и одбрана со ЕУ – и првата што имаше корист од нашиот План за раст за Западен Балкан. Тaa припаѓа во нашето европско семејство. Сега е од суштинско значење да се продолжи по патот кон ЕУ, објави Калас на Х.

Поврзани вести