Skip to main content

Премиера на „Замисли нов свет“, колаж од делата на Горан Стефановски, во режија на Нела Витошевиќ во МНТ

В понеделник, на 16 декември во 20 часот на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) премиерно ќе биде прикажана претставата „Замисли нов свет“, колаж од делата на Горан Стефановски, во режија на Нела Витошевиќ, а по драматизација на Ана Ристоска-Трпеноска.

Во претставата играат: Игор Ангелов, Верица Недевска, Дамјан Цветановски, Филип Трајковиќ, Нина Деан, Ана Јовановска, Стефан Спасов и Антонио Ташковски. Во креативниот дел се потпишуваат: композиторот Огнен Анастасовски, сценографот Костантин Трпеноски, костимографката Роза Трајчевска-Ристоска.

Ова е шестиот проект по започнувањето на новата театарска сезона, овојпат со продукција „Сектор филм“ во копродукција со Македонскиот народен театар, а продуценти се Владимир Анастасов и Ангела Несторовска.

Поврзани вести