
Денеска 21.05.2025 година (среда) во 12:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на почеток на комплетно реновирање и реконструкција на амбулантите, лабораториите и специјалистичките кабинети на Клинички центар „Мајка Тереза“ ЈЗУ УК Гинекологија и акушерство во Скопје.
Реконструкцијата е во износ од 29.000.000 денари со што ќе се создадат услови за поефикасна дијагностика и лекување на пациентите.