
Интернационалниот фестивал за класична гитара Тремоло 2025 го реализира своето 16-то издание од 19 до 22 мај, во организација на Детскиот културен центар „Карпош“, со поддршка на Град Скопје.
На задоволство на публиката и годинава ќе се одржат концерти, традиционален интернационален натпревар, работилници и мастерчасови за класична гитара.
Фестивалот започнува денес со концерт на Павле Филиповиќ, кој ќе се одржи во Музејот на Македонската борба со почеток во 19:30 часот.
Резервирајте го Вашето место за овој концерт.
Влезот е слободен.