Skip to main content

Додека бил на работа украл ранец со пари и документи, поицијата го фатила и го вратила украденото

На 16.05.2025 во 18.00 часот во близина на село Мартолци, општина Чашка, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода З.С.(38) од село Оморани, општина Чашка.

Тој се сомничи дека од С.Ѓ.(48) од Велес, додека била на работно место, одзел ранец со пари и лични документи.

Одземеното е пронајдено и вратено на сопственичката, а З.С. бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести