
Се сеќавате во летото 2022 година кога тогашната влада во која главниот збор го имаше ДУИ, а за СДСМ беа обични измеќари на секој начин се обидуваше да покаже некаков успех во евроинтеграциите? Претседавач со ЕУ беше Франција и во соработка со Бугарија го измислија т.н француски предлог. Неговата содржина беше, кажано фудбалски кажано 10-0 за Бугарија.
Тогашниот премиер Димитар Ковачевски дури отиде во Брисел и го кажа историското „Не“ како што Тито му рекол на Сталин. Но, зборот на Таче му држеше два-три дена кога рече дека за Македонија сега е прифатилив модифицираниот француски предлог кој во суштина беше ист само малку нашминкан.

И во вистинскиот и во модифицираниот суштината беше иста, а тоа е дека мораме да ги внесеме Бугарите во Устав за да поченеме преговори за членство. Клучниот збор е да ги „започнеме“, без никакви гаранции дека Бугарија нема да не блокира веќе на второто поглавје. Најважното е што Ковачевски прифати обврска што не може да ја испорача бидејќи за уставни измени е потребно двотретинско мнозинство а за што немаше согласност од тогашната опозиција.
Владата на СДСМ и ДУИ прифатија и протоколи поврзани со Договорот за добрососедство и добрите меѓусоседски и билатерални односи критериум кои Бугарија може во секој момент да ги толкува како сака и да бидат повод за ново вето.
За овој договор вчера претеседателот на Евопскиот совет Антонио Кошта ни рече дека нема план „Б“ и оти Македонија мора да го прифати.

Совршено добро сфаќам кога премиерот вели дека веќе е променето знамето, името, измени во Уставот и треба да бидеме сигурни дека никој нема да дојде и да побара ништо повеќе од она што претходно било договорено. Она што е договорено и сега треба да испорачаме, не ни треба план „Б“.Треба да го испорачаме план „А“, рече Кошта.
Игор Чавески