Skip to main content

Изложба на студентите од четврта година на ФЛУ во КИЦ Скопје

Плакат ФЛУ

Во вторник, на 20. мај, во 20 часот во Културно информативниот центар (КИЦ) Скопје ќе се отвори традиционалната изложба „Четирите мајстори на модернизмот“ на која учествуваат студентите од четврта година на Факултетот за ликовни уметности – Скопје на Студиската програма за сликарство.

Оваа изложба е воспоставена во чест на основоположниците на Факултетот за ликовни уметности од Катедрата за сликарство, професорите Петар Мазев, Родољуб Анастасов, Димитар Кондовски и Душан Перчинков.

Учесници се Андреј Антевски, Ана Томовска, Благица Трајкоска, Горазд Николовски, Елена Стојкова, Ема Теовска, Марија Ќурчиева, Марија Нешкоска, Павел Бучковски, Христијан Петровски, ќе излага и Хорхе Триано (еразмус студент), од класата на проф. Благоја Маневски од прва до трета година и проф. Ангел Миов во четврта година.

Поврзани вести